На ден 27.11.2025 г., во рамките на проектот ЈоPSCip, во просториите на Студентскиот културен центар на УКИМ, професори од ИСППИ организираа отворен ден за студенти.
На настанот беа презентирани содржината и начинот на функционирање на Заедничката студиска програма на втор циклус по Политички науки - Political Science - Integration and Governance, која е акредитирана од Австриската агенција за обезбедување квалитет во високото образование - AQ Austria.
Со завршувањето на програмата, студентите се стекнуваат со Заедничка диплома, според европскиот пристап, додека, пак, студирањето е целосно насочено кон професионалните потреби на студентите, како и кон напредни опции за мобилност и меѓународно студирање.
Во рамките на интерактивната средба, студентите се здобија со подетални сознанија за можностите на заедничките постдипломски програми во европскиот простор, а и самите манифестираа одреден степен на информираност на темата и ги изразија своите преференции за идно студирање.