Во текот на март и првата половина на април 2026 година, проф. д-р Елеонора Серафимовска, проф. д-р Маријана Марковиќ и ас. д-р Теа Конеска-Василевска заедно со колешките и колегите психолози од основните училишта вклучени во проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“ одржаа повеќе онлајн-средби што претставуваа работилници посветени на претстојните активности.
На средбите се разработуваа концептите и процесите за спроведување на тестирањето, како и организирањето и водењето на работилниците и обуките со учениците, со што се заокружи подготвителната фаза.
Теренското истражување стартува во април, со очекување за успешно спроведување на сите предвидени активности и создавање на позитивно искуство за сите вклучени.



