Одлука за основање
Пред 50 години, со Одлука на Универзитетскиот совет на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје е формиран Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања со задача:
- научно да ги проучува социолошките и политичко-правните појави во земјата, да го поттикнува и организира проучувањето на прашањата од социолошките и политичко-правните науки и од развитокот на општеството;
- да ги разработува и усовршува истражувачките методи во општествените науки;
- да работи на усовршување на научните кадри и да подготвува научен подмладок од областа на социолошките и политичко-правните науки;
- да обезбедува материјални и други услови за студиска и истражувачка работа;
- да организира разни форми на работа со стручни кадри, заради нивно оспособување за самостојна научна работа;
- да организира собирање на документација за изведување на практична настава и вежби на наставата на факултетите и општествените науки на Универзитетот во Скопје;
- да обезбедува настава од сите степени по општествени науки за сите факултети на Универзитетот во Скопје;
- да организира претставување на проблемите од областа на социиолошките и политичко-правните науки по пат на советувања, дискусии и други погодни форми;
- да ги обезбедува и непосредно соопштува резултатите од својата научноистражувачка работа;
- да издава публикации;
- да развива сестрана нучна соработка со соодветните установи, организации и поединци што се занимаваат со проучување на социолошките и политичко-правните науки во земјата и странство (од Одлуката).
Оваа Одлука на Универзитетскиот совет, според тогашната процедура, ја потврди Извршниот совет на Собранието на СРМ на 5.02 1965 година, а Институтот започна со работа на 18 октомври истата година.