ПОДАТОЦИ ОД КОМПАРАТИВНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ СИСТЕМИ (модул 6) ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 Податоци од Компаративното истражување на изборни системи (модул 6) во Северна Македонија
CSES Logo
На 22 јануари 2025 година се одржа Презентацијата на првични наоди од Компаративното истражување на изборните системи/КИИС (Comparative Study of Electoral Systems/CSES) во Република Северна Македонија. КИИС е меѓународно анкетно истражување кое се фокусира на изборното однесување на граѓаните и се спроведува во 60 земји ширум светот во периодот по оддржување на изборите, од 1996-тата година. Истражувањето е за прв пат спроведено во земјата, на репрезентативен примерок од 1056 испитаници и се однесува на изборното однесување во врска со претседателските и парламентарните избори од април и мај 2024 година. 
Настан 1

Настан 2

Настан 3

На настанот говореа проф. д-р Анета Цекиќ и доц. д-р Јован Близнаковски кои претставија дел од националните наоди на истражувањето, поврзани со излезноста и гласачките одлуки, начинот на формирањето на гласачкиот избор, учеството на граѓаните во активностите од изборната кампања, врските меѓу партиите и граѓаните и идеолошките преференци на граѓаните. Дискусијата беше модерирана од проф. д-р Ненад Марковиќ. Поздравни обраќања имаа проф. д-р Бојана Наумовска, директорка на ИСППИ-УКИМ, Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС и Јоана Косма, директорка на ИФЕС за Северна Македонија.

 

КИИС во Северна Македонија е имплементирано од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во партнерство со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Швајцарската програма за поддршка на изборите, спроведувана од од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).