На 21.11.2024 година, во Амфитеатарот на МАНУ беше одржана академска работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“, во коорганизација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ – Скопје и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.
Темата беше обработена од политиколошки, социолошки, психолошки, комуниколошки, правен и лингвистички аспект, додека во дискусијата беше активно вклучена и стручната публика.
Настанот го водеа проф. д-р Ганка Цветанова (ИСППИ) и академик Марјан Марковиќ (ИЦАЛ-МАНУ), а свои обраќања и презентации изложија и следните претставници на ИСППИ: проф. д-р Бојана Наумовска, проф. д-р Елеонора Серафимовска, проф. д-р Маријана Марковиќ и доц. д-р Милка Димитровска.
Оваа академска работилница е дел од активностите на научноистражувачкиот проект „Негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација како форма на политички говор на омраза“, раководен од проф. д-р Ганка Цветанова.
* Фотографиите се направени од страна на МАНУ.