НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ: „АНАЛИЗА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024“

НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ:АНАЛИЗА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024“.

 

Проектот „Анализа на парламентарните и претседателски избори 2024“ го реализира Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во согласност со институтската традиција континуирано да се следат изборните процеси и циклуси.

Во рамките на проектот се подготвуваат повеќеаспектни анализи, врзани за: изборниот законик; јавните политики, третманот на науката, правната држава и родовиот аспект на изборните програми; клиентелизмот околу периодот на изборите и институционалната реакција на истиот; јавното мислење; говорот на омраза и визуелната политичка комуникација; како и третманот на мултикултурните и идентитетски прашања за време на изборите и предизборниот период. За таа цел, во текот на 2024 година, ќе бидат продуцирани кратки анализи и презентации, како и монографија сочинета од аналитични трудови.
 
Истражувачки тим:

  • Доц. д-р Милка Димитровска (раководителка)
  • Проф. д-р Бојана Наумовска
  • Проф. д-р Панде Лазаревски
  • Проф. д-р Елеонора Серафимовска
  • Проф. д-р Маријана Марковиќ
  • Проф. д-р Петар Атанасов
  • Доц. д-р Јован Близнаковски
  • Асс. м-р Теа Конеска-Василевска
Состојба
Активен