Предизвици и можности за отворена наука во Република Северна Македонија
Проектот има за цел да ги истражи и процени состојбите, предизвиците и можностите за примена на концептот на отворена наука во Република Северна Македонија, со фокус на општествените науки. Истражувањето опфаќа анализа на правната рамка, постојните истражувачки инфраструктури, ставовите и практиките на истражувачите, како и улогата на јавните политики во поддршката на отворената наука.
Во рамки на проектот, реализирани се електронска анкета со истражувачи, интервјуа со креатори на политики, мапирање на истражувачки инфраструктури и компаративна анализа на нормативната рамка во земјата и на ниво на Европската унија. Овие активности овозможија длабинска проценка на состојбите и предлог-насоки за унапредување на политиките и праксите за отворена наука.
Проектот е финансиски поддржан од интегративните средства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Наодите и препораките што произлегоа од истражувањето имаат за цел да придонесат кон подобрување на имплементацијата на отворената наука во земјата, обезбедувајќи посистематска поддршка за истражувачите и институциите.
Членови на истражувачкиот тим од ИСППИ:
Доц. д-р Јован Близнаковски (раководител)
Проф. д-р Анета Цекиќ
Проф. д-р Бојана Наумовска
Доц. д-р Милка Димитровска
Проф. д-р Мирјана Најчевска
Проф. д-р Панде Лазаревски