Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Политичко-правните и културолошките предизвици во справување со пандемијата

Политичко-правните и културолошките предизвици во справување со пандемијата (проект финансиран од УКИМ)

 

Тргнувајќи од традицијата на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, секогаш да ги истражува актуелните појави во општеството и со тоа да понуди релевантни податоци кои се од интерес како за истражувачката така и за пошироката јавност, предметот на ова истражување во фокусот ги има утврдувањето на политичко-правните и културолошки предизвици во справувањето со пандемијата. Во таа насока се поставени три истражувачки цели кои се предмет на анализа. Во првата цел, насловена „Анализа на општествените и културолошките импликации на пандемијата“, фокусот на истражувањето е насочен кон детектирање на импликациите на пандемијата во насока на општествените процеси. Акцентот е ставен на поделеноста на општеството и утврдувањето на улогата на пандемијата во тој процес. Во рамките на оваа цел се разгледувани и културните институции, како исклучително значаен фактор во општеството, и нивниот одговор на пандемијата.

 

Во втората цел, „Анализа на политичките и правно-институционалните импликации на пандемијата“, фокусот е ставен на правно-институционалните и политичките последици од пандемијата. Во рамките на оваа цел е анализирано Собранието на РСМ и неговото однесување, направена е анализа на изборниот процес спроведен во 2020 година, како од аспект на политичките фактори, така и од аспект на граѓаните.

 

Во рамките на третата цел, „Анализа на предизвиците со коишто се соочи новинарството за време на пандемијата“, фокусот е насочен кон медиумите и новинарите во насока на утврдување на предизвиците со коишто тие се соочија во услови на пандемија.

 

За реализација на ова истражување се користат квалитативни и квантитативни методски техники. Во контекст на поставените цели и наведените активности, од квалитативните техники се користат фокус-групите и полуструктурираните интервјуа, а од квантитативните – анкета. Анализата на содржина е користена за анализа на правни акти (устав, закони, уредби, деловник, стратешки документи), како и за други соодветни документи.

 

Во првата фаза на истражувањето, анализирани се досегашните сознанија за истражуваната појава, но вклучена е и нејзина теоретска разработка. Во втората фаза, следува истражувањето, што би значело креирање инструменти за реализација на фокус-групи, полуструктурирани интервјуа и анкета, како и нивна реализација. Третата фаза е посветена на анализа на добиените сознанија, како и пишување извештаи, што е предвидено да бидат дел од монографија посветена на ова истражување.

 

Преку овој проект се добија опсежни сознанија за појавите што се истражуваат. Во рамките на проектот е анализирано општеството од аспект на неговата поделеност, како и улогата на пандемијата во овој процес, анализирани се однесувањата на граѓаните од повеќе аспекти, анализирани се културните институции и предизвиците со коишто се соочија тие како резултат на пандемијата, направена е и анализа на работата на Собранието, изборниот процес, како и предизвиците со коишто се соочија медиумите и новинарите. Сите наведени аспекти и институции се од исклучително значење за развојот на едно општество, па од тој аспект податоците што се добиени од истражувањето се од значење како за академската и пошироката јавност, така и за креаторите на политики. Добиените сознанија треба да претставуваат основа за градење на конкретни политики во споменатите сегменти, но, секако, претставуваат и основа за понатамошни истражувања. Со ова истражување, Институтот го следи светскиот тренд на истражувања во коишто доминантно се посветува внимание на пандемијата и на импликациите од неа.

 

Истражувачки тим:

вонр.проф.д-р Бојана Наумовска (главен истражувач)

проф.д-р Емилија Симоска

проф.д-р Мирјана Најчевска

проф.д-р Ганка Цветанова

проф.д-р Горан Јанев

проф.д-р Елеонора Серафимовска

проф.д-р Маријана Марковиќ

доц.д-р Дритон Макиќи

доц.д-р Јован Близнаковски

асс.м-р Милка Димитровска

асс.м-р Теа Конеска Василевска

асс.м-р Блаже Јосифовски

 

 

Состојба
Активен