Работна средба со универзитетите во Р.С. Македонија за акредитација на заеднички студиски програми, искуства од PoSIG – Скопје, онлајн, 24 ноември 2025

На ден 24.11.2025 г., онлајн се одржа работна средба, организирана од ИСППИ, со наслов „ДИЗАЈН И АКРЕДИТАЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ: ИСКУСТВА ОД JOINT MASTER IN POLITICAL SCIENCE – INTEGRATION AND GOVERNANCE“.  

На истата беше презентиран процесот на креирање и акредитација на заеднички студиски програми во рамките на Европскиот простор за високо образование, преку примерот на една од првите програми со учество на научно-образовна институција од Република Северна Македонија. Се работи за Заедничката програма PoSIG (https://posig.info), која е акредитирана од Австриската агенција за обезбедување квалитет во високото образование – AQ Austria, преку процедура за акредитација на заеднички студиски програми според европскиот пристап.

Акредитација на заеднички студиски програми

 

Претставниците од различните јавни и приватни универзитети од Р.С. Македонија значително придонесоа за успешноста на настанот со своето присуство, како и со размената на искуства и информации од нивните институционални и вмрежувачки, научни и образовни активности во европскиот контекст.

Претпоставено, овој настан ќе придонесе за понатамошниот развој и акредитација на заеднички студиски програми со учество на универзитети од Македонија.