Работна средба за акредитација на заеднички постдипломски програми на УКИМ, ОА и МОН - Скопје, 23 април 2025

Работна средба за акредитација на заеднички постдипломски програми

 

На 23.04.2025, во просториите на ИСППИ, се одржа работна средба на академскиот и административен тим на Еразмус + проектот ЈОПСИП, претставници од Министерството за образование и наука, Одборот за акредитација во високото образование и претставници од неколку единици на УКИМ. На средбата присуствуваше и проректорката за настава на УКИМ, проф. д-р Соња Топузовска.

 

 

На средбата се разговараше за предизвиците и можностите за национална акредитација на заеднички меѓународни програми, во светло на правилата за високо образование на европскиот простор.

 

 

На конструктивната и опфатна дискусија меѓу присутните, ѝ претходеше презентација на минатите акредитации на заедничката програма по Политички науки – ПОСИГ како пионерска активност на ИСППИ, пред сѐ како основа за обезбедување континуитет на истата програма, но и како мотивација за акредитација на други заеднички програми од страна на единиците на УКИМ, во содејство со европски партнери и конзорциуми.