Конкурс за избор на асистенти

Кандидатите, покрај општите услови, предвидени во Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 82/2018), треба да ги исполнуваат и посебните услови утврдени во Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (Универзитетски гласник бр. 411/2018) и другите акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот.

Кон пријавата, кандидатите треба да достават: докази за исполнување на општите и посебните услови, кратка биографија /CV/ и изјава за исполнување на општите и посебните услови за работното место.  Изборот на кандидатите ќе се врши согласно со Законот за високото образование и Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр.411/2018)

Работното време на соработникот  е определено во согласност со актите на Институтот.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето (последен ден за пријавување 09.01.2023) Некомплетните и ненавремено доставени прајави нема да се разгледуваат.

Документите се доставуваат на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје, бул. Партизански одреди бб,  1020 Скопје, П.фах 68.

Документ