Доц. д-р Дритон Маљичи

Доц. д-р Дритон Маљичи

Д-р Дритон Маљичи е доцент-доктор по социолошки науки при Институтот за социолошки, политички и правни истражувања - Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Неговиот истражувачки интерес е фокусиран на образовната социологија, мултикултуризмот, општествената конфликтност и меѓуетничките односи. "The Persistence of Hope," (Истрајноста на надежта), збирка од 100 приказни за бегалската криза, е неговата прва книга. Тој бил дел од многу истражувања, настапувал на голем број меѓународни конференции и координирал голем број иницијативи за хуманитарна помош и правна помош за бегалците. Во времето на бегалската криза во Македонија од 2015-2017, бил координатор на проектот за психо-социјална подршка на бегалците воден од НВО Ла Страда. Исто така бил координатор на проектот за правна помош на бегалците воден од НВО ЛЕГИС. Освен што е дел на тимот на Европско општествено истражување (ЕОИ), исто така работи и во проектот за општествена конфликтност на Западен Балкан воден од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања.