Проф. д-р Панде Лазаревски

Проф. д-р Панде Лазаревски

Проф. д-р. Панде ЛАЗАРЕВСКИ (1960) - дипломирал политички науки на Фаултетот за политички науки при Универзитетот во Белград (меѓународна политика и дипломатија) во 1984, а докторирал политички науки - применета политика на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1993. Како Фулбрајтов стипендист (1995-1996) студиски престој реализирал на University of Pittsburgh - Graduate school for Public and International Affairs (Public Policymaking), Johns Hopkins University - School of Advanced International Studies (Crisis Simulation), Ohio State University - Merchon Center for Studies in International Security & Public Policy (Political Psychology).

Проф. Лазаревски бил директор на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1999-2006) и член на Одборот за акредитација во високото образование во Република Македонија (2001-2003).

Обавувал повеќе јавни функции во земјата и странство: Амбасадор на Република Македонија во Романија и во Република Молдова (2013-2017), член на Советот за безбедност на Република Македонија (2009-2012), претседавач со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи (2010-2011), Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катстрофи (2010-2012), директор на Центар за управување со кризи при Влада на Република Македонија (2006-2010).