Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Проф. д-р Славејко Сасајковски

Проф. д-р Славејко Сасајковски

Роден на 14 март 1959 година во Ресен. Во Ресен завршува основно и средно образование, во
основното училиште “Гоце Делчев“ и во Гимназијата “Стив Наумов“. Дипломиран социолог
истражувач од Филозофскиот факултет на УКИМ, со дипломска работа со наслов “Ватикан и
современите меѓународни политички односи. Магистер и доктор по социолошки науки од
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на УКИМ, со магистерски труд со
наслов “Универзалните религии, духот на толерантноста и екуменизмот“ и со докторска
дисертација со наслов “Ревитализација на општествената функција на религијата-верско-
политичко соочување со религискиот феномен“). Поконцентриран број на објавени текстови од
областите на економската социологија (посебно нееднаквоста во распределбата на богатството и
на национални нивоа и на глобално ниво), политичката социологија (посебно социологијата на
политичките идеологии и социологијата на државата и на државниот интервенционизам),
меѓународните политички односи (посебно надворешните политики на САД и Турција, односите
на Блискиот исток, Средниот исток и Источниот медитеран, надворешната политика на Државата
на градот Ватикан и политичките односи во регионот на Балканот), меѓународната политичка
економија (структурата и констелацијата на глобалната политичко-економска моќ), социологијата
на нација (посебно социологија на Македонската, на Грчката и на Турската нација), медицинската
социологија (посебно државниот интервенционизам во областа на заштитата на јавното здравје) и
политиката и религијата (современите состојби и тенденции во однос на политичкиот ислам,
Ватикан и православната екумена). Предметен наставник на магистерски и докторски студии и
ментор на магистерски и докторски теми првенствено од наведените области на поконцентриран
интерес.

https://isppi.ukim.edu.mk/sites/default/files/2023-12/izbor%20vo%20zvanje%20sasajkovski.pdf

bilbilef@isppi.ukim.edu.mk