Целта на студиите од втор циклус „Општествен развој” е да понуди интердицсиплинарно знаење и способност за анализи од значење за социо-економскиот развој воопшто и особено на Република Северна Македонија. Областа на студиите по „Општествен развој„ паралелно изучува повеќе дисциплини: социологија, економија, политички науки, право, организациски науки, антропологија, демографија, психологија и култура, а со цел поддршка на развојните политики и оптимално користење на природните ресурси, водењето активна популациона политика и справување со сиромаштијата и нееднаквоста, поддршка на бизнисот и на институциите на пазарната економија, како и промовирање на човековите права и демократијата.
Светот стана „глобален”, и во придобивките и во проблемите, наметнувајќи преиспитување на досегашниот светоглед, доктрини, политики, стратегии и го става на голем тест капацитетот за критичко промислување на актуелниот миг и на перспективите што се навестуваат, капацитетот да се прифати и да се живее со новата реалност, со новите предизвици, со препознавањето на можностите што се отвораат, но и со избегнувањето на стапицата на комотното и некритично гледање на работите низ призмата на тоа што e надживеано.
Нашата земја не е исклучок од таа нова реалност. Брзината и содржината на општествените промени и на способноста да се биде дел од новите развојни трендови најдиректно се одразува врз секојдневието на обичниот човек, на семејствата, на генерациите што стасуваат. Програмата е наменета за кандидати кои имаат завршено додипломскистудии, пред сé по социологија, економија, право, организациони науки, политичкинауки и други општествени науки и кои покажуваат интерес за погоре кажаното.
Магистрантите, по успешното завршување на програмата ќе се стекнат со звање Магистер по општествен развој, со можност за вработување и градење кариера, согласно потребите на пазарот на трудот, во академски институции (факултети при универзитети) и особено во развојни и истражувачки институти, органи на државната и локалната власт, приватни компании, јавни претпријатија, маркетинг и ПР фирми, НВО, како и во меѓународни организации и фондации.
Оваа програма се организира од учебната 2014/15 година.
Знаење, вештини и компетенции со кои студентите се стекнуваат
знаења и разбирање |
Високо ниво на знаење од областа на развојот Разбира и може да примени методологии соодветни за решавање на сложени развојни проблеми. Поседува систематизирано знаење, за областа на социо- економскиот развој, како и со другите поврзани предметни области од економските, социолошките, правните, организациските, политиколошките и другите општествени науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа. Поседува специфично знаење од областа на развојот кое е базирано на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле. Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај) |
примена на знаењето и разбирањето |
Знаење за примена на теоретски знаења за решавање на конкретни развојни проблеми и критичко проценување на алтернативни развојни концепти и политики; Способност за анализирање на проблеми, вештини кои се потребни при истражување и за произведување на нови сознанија и нивно интегрирање во различни научни области; Знаење за водење на комплексни проекти во областа на општествено-економскиот развој; Знаење за обезбедување и ефикасно користење на домашни и странски инвестиции за финансирање на развојот; Знаење за дизајнирање и практикување на одржлив развој на макро и микро ниво. |
способност за проценка |
Способност за ситуирање на човекот во неговиот личен, социјален и културен контекст (семејство, работа, општествени рамки) и способност за анализа, синтеза и предвидувања на ефектите на развојната политика; Способност за идентификување и предвидување на сложените развојни проблеми; Способност за обликување и имплементација на развојни стратегии за општеството во целина, региони и локални заедници, формулирање и спроведување на фундаменталните развојни мерки; Способност за развојни и научни истражувања од областа на реален јавен сектор и непрофитни организации; Способност да направи проценка на комплексни проблеми на систематски и креативен начин и превзема соодветни ризици и во ситуации кога има некомплетни и ограничени информации да може да донесе одлука; Способност да направи проценка врз основа на стекнатото знаење да носи етички базирани одлуки, со сенс за личните и општествените вредности. |
комуникациски вештини |
Способност со користење на напредна технологија и вистински избор на медиум на комуникација, како и со употреба на напредни презентерски вештини да ги креира и споделува информациите јасно, концизно и навремено; Способност за преговарање и справување со конфликтни ситуации; Умешно водење на работни состаноци и преземање одговорност за заедничките резултати; Водење и иницирање на активна комуникација, со голема свесност за бариерите на ефективната комуникација. |
вештини на учење |
Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење. Вештини за истражување и анализа на конкретни развојни проблеми, како и вештини за презентации и академско пишување во научни публикации; Вештини за критичко размислување и анализа на литература од областа на развојната политика; Вештини за проектно менаџирање на научно-истражувачка работа и академска комуникација на меѓународен план. |