Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Студии од втор циклус по Култура во ера на кибернетика

Овие студии имаат за цел да го проучат присуството, значењето и манифестацијата на културата во нејзините најразлични комплексни форми, односите на моќ, како и процесот на глобализацијата и социокултурните промени во рамки на современото општество, но и во еден поширок историски контекст. Овој студиум го темели изучувањето на прашањата од областа на културата во ерата на кибернетиката во согласност со толкувањето на концептот на културата сфатена како изразувачки дух на целокупниот начин на живеење, којшто се манифестира преку севкупниот домен од општествени и културни активности како: јазикот, уметничките стилови и различните видови на интелектуална дејност, но истовремено и како целовит општествен поредок конструиран како резултат на постоечката култура и останатите општествени феномени.

Во таа смисла, посебен акцент ќе биде ставен на присуството и влијанието на информатичко-комуникациските технологии, со сите нивни префикси како е-, и-, инфо-, техно-, блого-, вики-, P2P- итн., и термини, односно придавки како кибернетички, виртуелни, мрежни, онлајн, чет итн. - во редефинирањето и редизајнирањето на современиот концепт на културата, односно културата во 21-от век. Основната цел на така поставената студиска програма е збогатување на студентите со теориски сознанија од областа на културата, но и оспособување во смисла на тоа како истите тие сознанија да ги искористат за анализа на современите општествени појави и новите културни феномени во кибернетичката ера, како и пронаоѓање на соодветни решенија за актуелните проблеми поврзани со општествената стварност и глобализациските процеси.

Магистрантите, по успешното завршување на студиската програма, се стекнуваат со звање магистер по културологија. Со стекнатото звање магистрантите ќе имаат можност за вработување во различни сфери, како на пример: образовни и културни институции, универзитети, министерства, истражувачки институции, медиуми, културни и креативни индустрии, невладини организации, меѓународни организации и фондации.

Со завршување на студиите, магистрантите ќе развијат способност за анализа на информациите и основните елементи на културолошкиот пристап; Способност за културолошка анализа на социјалните промени, општествените концепти, глобалните процеси и политичката култура, за начинот на живеење и уметностите.

Оваа студиска програма постои од учебната 2011/12 година.

Знаење, вештини и компетенции кои студентите ќе ги стекнат

знаења и разбирање

Покажува знаење и разбирање: кое е употребливо и може да се користи во областа на културата во ерата на кибернетиката како основа за оригинални истражувања; за главните и современи

концепти од областа на културата и новите технологии; за влијанието на новите технологии во сферата на културата; за теоретските и

практичните импликации во реструктуирањето на целокупното културно милје како резултата на употребата на новите технологии.

примена на знаењето и

разбирањето

Способност за ситуирање на човекот во неговиот личен, социјален и културен контекст (семејство, работа, општествени рамки) и способност за анализа на информациите и основните елементи на културоло-шкиот пристап;

Способност за културолошка анализа на социјалните промени,

општествените концепти, глобалните процеси и политичката култура, начинот на живеење и уметностите.

способност за проценка

Способност за анализа на современите социокултурни појави и процеси, настанати како резултат на појавата на информатичко- комуникациските технологии;

Способност за креирање и евалуација на културни и образовни политики;

Способност за дизајнирање и спроведување на научно-истражувачки проекти; Способност за дизајнирање и раководење со проекти во

областа на културата во кибернeтичката ера, и културните и креативните индустрии.

комуникациски вештини

Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на

истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.

Вештини за проектно менаџирање на научно-истражувачка работа; Вештини за менaџирање на проекти од областа на културните и креативните индустрии; Вештини за проектно менаџирање на научно-

истражувачка работа и академска комуникација на меѓународен план.

вештини на учење

Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и

самостојно делување при стекнувањето нови знаења и

вештини во современото културно милје, односно во културата во ерата на кибернетиката.

Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Раководител

Проф.д-р Маријана Марковиќ  marijana@isppi.ukim.edu.mk

Телефон за контакт 075 406 717