Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

Податоци од Европско Општествено Истражување

ESS
На 14.03. 2023 година во Свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скојпе беа презентирани основните наоди од 10. бран на Европското општествено истражување кое за прв пат беше спроведено во Р. Северна Македонија од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.  

ЕОИ (European Social Survey https://www.europeansocialsurvey.org)  е обемен компаративен проект (анкетно истражување), поддржан од Европската Комисија, кој во рамки во Европската Унија има статус на Европски истражувачки инфраструктурен конзорциум (European Research Infrastructure Consortium – ERIC). Истражувањето се спроведува на секои две години, почнувајќи од 2002 година, во повеќе од 35 европски земји. Опфаќа голем број општествени и политички теми релевантни за современите европски општества и е нашироко користено од научниците, државните институции, медиумите и општата јавност во Европа и светот. 

Во Р. Северна Македонија истражувањето беше спроведено на крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, преку анкета лице в лице, на репрезентативен примерок од 1429 испитаници (изработен во соработка со Државниот завод за статистика).   

Подолу може да најдете подетални информации за проектот, упатство за употреба на порталот за податоци на ЕОИ каде може да се најдат податоците од сите земји и бранови под отворен пристап, како и презентации на членовите на истражувачкиот тим на ИСППИ. 

За дополнителни информации обратете се до проф. д-р Анета Цекиќ, Национална координаторка на 10ти бран на ЕОИ во Р. Северна Македонија, на anetac@isppi.ukim.edu.mk