Научноистражувачки проект: “Компаративно истражување на изборните системи (CSES) во Република Северна Македонија”

Проектот има за цел да го спроведе шестиот модул на Компаративното истражување на изборните системи (CSES) во Република Северна Македонија, во периодот до шест месеци по парламентарните избори и вториот круг на претседателските избори во 2024 година. Истражувањето е дел од меѓународната иницијатива која се фокусира на изборното однесување на граѓаните во пост-изборен контекст.

Во рамки на проектот ќе биде спроведена теренска анкета на национално репрезентативен примерок од најмалку 1000 полнолетни граѓани. Истражувањето ќе биде дел од поширока „омнибус“ анкета, при што модулот на CSES ќе биде имплементиран согласно стандардите и методолошките насоки на меѓународната студија.

Проектот претставува заедничка иницијатива на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ - УКИМ), Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје (ИДСЦС) и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) – Северна Македонија, со ИСППИ - УКИМ како координатор на истражувањето.

Проектот е финансиски поддржан од Националната фондација за наука на САД, Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје (ИДСЦС) и Швајцарската програма за изборна поддршка (Swiss Electoral Support Programme), спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).

Наодите од студијата ќе придонесат кон подобро разбирање на факторите кои влијаат врз изборното однесување на граѓаните во Северна Македонија и ќе овозможат споредливост на резултатите со другите земји вклучени во CSES.

Членови на истражувачкиот тим од ИСППИ:

Доц. д-р Јован Близнаковски (раководител)

Проф. д-р Анета Цекиќ

М-р Љуан Имери

Сафет Балажи

 

Извештај со наоди од анкетата на македонски јазик

Извештај со наоди од анкетата на албански јазик

Извештај со наоди од анкетата на англиски јазик

Состојба
Активен