Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Студии од втор циклус по Социологија-менаџмент на општествени промени

Студиската програма од втор циклус СОЦИОЛОГИЈА - менаџмент на општествени промени, според својот концепт, предметната ориентација и пристап е единствен од овој вид во Република Македонија. Таа им овозможува на студентите да стекнат продлабочени знаења општо за социологијата, социологијата на промени, како клучна во современото општество, можноста да се менаџираат соодветните промени, како и специјализирани знаења од областа на социологијата на културата, економската  социологија, општествено-политичкото уредување на Република Македонија, социологијата на етнички односи, глобализацијата на културата,социологијата на населби, како и методологијата на општествените истражувања.

Воедно значајно ќе биде развиена и истражувачката рамка на социологијата, секако проследена низ соодветна теоретска рамка, надополнета со истражувачките пристапи, методи, обработка и анализа на податоците, односно извлекување на заклучоците. Фрагментот од задолжителните предмети, насловен како академско пишување, треба да им даде посебен квалитет, соодветно воведувајќи ги во рамките на пишување на научни трудови, кои ги одликува критичко пишување и секако оргиналност.

Цел на студиската програма од втор циклус од областа „Социологија – менаџмент на општествени промени“ е да им овозможи на студентите да стекнат продлабочени знаења од областа на општата социологија, како и специфични знаења од блиските области, комуникациите, политикологијата, историјата, културните студии, психологијата, правото и другите општествени и хуманистички науки и нивно соодветно аплицирање.

Специфичните задачи на студиската програма се креирани според следењето на општествените случувања, како и сличните искуства од земјите од регионот, односно пошироко, коишто треба да одговорат на соодветните образовни потреби во различни области: перципирање и соодветно следење на глобалните и специфичните трендови во областа на социологијата, како и одделни аспекти на истите во непосредната средина, следени од позиција на самите општествени институции, како и од други позиции во општеството (специјализирани владини или невладини агенции и служби: министерства, локална самоуправа, статистика, особено Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика и слично).

Студентите коишто ќе ги завршат студиите на овој модул ќе развијат способност за критичко мислење и дискутирање, оргинално и креативно поставување на тезите во областа на социо-културата и нивно соодветно образложување и научно аргументирање. Студентите со стекнатото теоретско знаење, како и знаењето стекнато од релевантните истражувања ќе може да ги применат непосредно при поставувањето на конкретни прашања, проблематизирањето на постојните прашања како и соодветно да пристапат кон промислување и елаборирање на прашањата од социологијата на македонското општество.

Стекнатите знаења ќе им овозможат да се вмрежат во интернационалните организации во коишто може да партиципираат, особено со изработка на оргинални научни трудови. Студентите ќе се стекнат со вештина како да ги осознаат, разберат и интерпретираат носечките теории во социологијата, потоа социологијата на промени, методологијата на социолошките истражувања, економската социологија и социологијата културата и политичката комуникација, коишто ги мапирале клучните автори кои воглавном го дале својот прилог при сотановувањето и развивањето на оваа научна дисциплина. Воедно, студентите ќе се подучуваат на критичко читање и ќе се насочуваат како да ги аплицираат во нивните трудови, во коишто ќе се поттикнуваат да пишуваат за современите случувања во оваа сфера.

Овие студии започнуваат со работа во учебната 1967/68 година.

Знаење, вештини и компетенции со кои студентите се стекнуваат

знаења и разбирање

Стекнувањето на соодветната квалификација ќе резултира во

поседување на знаења и разбирање, коишто се употребливи и коишто може да се користат во областа на социологијата како базична рамка; понатаму во посебните социолошки дисциплини; во сродните општествени науки, а особено да се прилагодат за потребите на поголем спектар на работни места, коишто изискуваат изработка на самостојни научно-истражувачки и апликативни проекти, од поголем и помал обем.

примена на знаењето и

разбирањето

Способност за ситуирање на човекот во неговиот личен, социјален и културен контекст (семејство, работа, општествени рамки) и способност за анализа на информациите и основните елементи на социолошкиот пристап.

Способност за социолошка анализа на социјалните промени,

општествените концепти, глобалните процеси и политичката култура и комуникациите и граѓанското општество.

способност за проценка

Способност за аналитички пристап кон општествените феномени; утврдување на нивната базична структурна рамка и двигатели;

способност за перципирање и соодветно елаборирање на промените кај општествените феномени; способност за следење на трендовите на општествените случувања во потесната и пошироката општествена средина и утврдување на нивната меѓузависост; способност за анализа на општествените појави на ниво на индивидуа, група, институција и на ниво на поширокиот општествен колективитет.

Посебно ќе се акцентира способноста за перципирање и анализа на

случувањата во македонското општество во потесното и поширокото општествено опкружување.

комуникациски вештини

Вештини специјализирани за анализирање на проблеми, вештини кои се потребни при истражување и за произведување на нови сознанија и нивно интегрирање во различни научни области;

Вештини за истражување и анализа на конкретни социолошки појави и процеси како и вештини за презентации и академско пишување во научни публикации;

Вештини за критичко размислување и анализа на литература од областа на социологијата и сродните општествени науки;

Вештини за проектно менаџирање на научно-истражувачка работа и академска комуникација на меѓународен план.

вештини на учење

Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и

самостојно делување при стекнувањето нови знаења и

вештини во современото општествено опкружување. Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

 

Раководител

Проф. д-р Драгор Заревски

dragor.zarevski@isppi.ukim.edu.mk

Телефон за контакт  070 311 146