Дали нестабилните општества можат да поддржуваат стабилни држави? Случаи на Босна, Црна Гора, Косово и Северна Македонија

 

 

 

 

Проф. д-р Петар АТАНАСОВ

Проф. д-р Петар АТАНАСОВ

Проф. д-р. Петар АТАНАСОВ (1962) - дипломирал социологија на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје во 1980, а докторирал социолошки науки - на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во 2002 година. Во 2011 е промовиран во редовен професор по социологија и комуникации. Користел стипендија за повеќемесечен постдокторски престој на Лондонската школа за економија во 2004-2006 година.

Раководител е на докторскиот студиум по Социологија на организација. Предавал повеќе предмети: социологија на општествени промени, мултикултурализам, менаџмент на промени и методологија на социолошки истражувања. Пишува главно за општествените промени, мултикултурализмот, идентитетот и етничките конфликти. Учествува во научноистражувачки проекти на полето на политичката култура, граѓанското општество, мултикултурализмот и меѓуетнички односи.

Обавувал неколку јавни функции: пратеник во Собранието на Република Македонија во 2016-2018 година, каде бил Претседател на Комисијата за образование и наука, a во 2018-2019 година бил и заменик министер за образование. Идеен творец е и дел од тимот за изработка на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам“ во 2019 година. Од 2012 година е член на Бордот на научното списание European Quarterly of Political Attitudes and Mentalities – EQPAM, каде има објавено повеќе статии.

 

 

Проф. Славејко САСАЈКОВСКИ

Проф. Славејко САСАЈКОВСКИ

Проф. Славејко САСАЈКОВСКИ - Роден на 14 март 1959 во Ресен. Доктор по социолошки науки. Научен советник/редовен професор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.

Понагласен интерес и поконкретен ангажман: Економска социологија, Политичка социологија, Меѓународни политички односи (САД, Блиски Исток, Турција, Источен Медитеран), Меѓународна политичка економија, Политика и религија, Социологија на нација, Медицинска социологија.

 

 

Проф. д-р Панде ЛАЗАРЕВСКИ

Проф. д-р Панде ЛАЗАРЕВСКИ

Проф. д-р. Панде ЛАЗАРЕВСКИ (1960) - дипломирал политички науки на Фаултетот за политички науки при Универзитетот во Белград (меѓународна политика и дипломатија) во 1984, а докторирал политички науки - применета политика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1993. Како Фулбрајтов стипендист (1995-1996) студиски престој реализирал на University of Pittsburgh - Graduate school for Public and International Affairs (Public Policymaking), Johns Hopkins University - School of Advanced International Studies (Crisis Simulation), Ohio State University - Merchon Center for Studies in International Security & Public Policy (Political Psychology).

Проф. Лазаревски бил директор на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1999-2006) и член на Одборот за акредитација во високото образование во Република Македонија (2001-2003).

Обавувал повеќе јавни функции во земјата и странство: Амбасадор на Република Македонија во Романија и во Република Молдова (2013-2017), член на Советот за безбедност на Република Македонија (2009-2012), претседавач со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи (2010-2011), Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катстрофи (2010-2012), директор на Центар за управување со кризи при Влада на Република Македонија (2006-2010).

 

 

Дритон МАЉИЧИ

Дритон МАЉИЧИ

Дритон Маљичи е доктор на социолошки науки при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје - Институт за социолошки, политички и правни истражувања. Неговото истражување се фокусира на образовната социологија, мултикултуризмот и меѓуетничките односи.

"The Persistence of Hope," (Истрајноста на надежта), збирка од 100 приказни за бегалската криза, е неговата прва книга. Тој бил дел на многу истражувања и зборувал на голем број меѓународни конференции и координирал голем број иницијативи за хуманитарна помош и правна помош за бегалците.

 

 

Состојба
Активен