Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

Зајакнување и валидирање на услужните компетенции во мешани средини за учење во универзитетите во Западен Балкан (е-Вива)

„Зајакнување и валидирање на услужните компетенции во мешани средини за учење во универзитетите во Западен Балкан (е-Вива)“

„Enhancing and Validating service related competences in Versatile learning environments in Western Balkan Universities (eVIVA)„

3 години, буџет 993,581 EUR.

 15 / 11/ 2018 - 14 / 11 / 2021

 

Краток опис на проектот еВИВА

Проектот е-ВИВА се осврнува на прашањето за развој на вештини на студентите, олеснување и валидација на нивните вештини во формални / неформални контексти на учење. е-Вива има за цел да создаде мешан пристап за учење за да ги олесни и валидира развојот на услужно ориентирани компетенции во неформални контексти за учење во високообразовните институции и контексти за учење на работното место.

Специфични цели на еВИВА проектот

  • Идентификување и анализирање на пристапи за верификација на вештини и пристапи за поттикнување на пропустливост помеѓу високото образование и професионалната пракса;
  • Развивање и рафинирање на сеопфатни системи за проценка и валидација засновани врз ИКТ;
  • Збогатување на постојните системи за валидација и сертификација;
  • Развивање и примена на богат софтвер за развој и валидација на услужно ориентирани компетенции;
  • Примена на е-Вива систем за проценка и евидентирање;
  • Воспоставување одржлива соработка помеѓу релевантни целни групи и засегнати страни.

 

Очекувани резултати од еВИВА проектот

  • 300 студенти ќе ги зајакнат и потврдат услужно ориентираните компетенции;
  • 45 академски персонал ќе ги развијат своите наставни вештини на мешани методологии на учење и практики ориентирани кон компетенции;
  • Развој на наставните програми ориентирани кон компетенции;
  • Зголемена употреба на EQF како составен дел од поставките за учење во формалните средини за учење.

E-ВИВА тим од ИСППИ

 

Проф.д-р Мирјана Борота Поповска

mborota.jpg

Проф.д-р Мирјана Борота Поповска е редовен професор и раководител на Центарот за развој на менаџмент и човечки ресурси, на Институтот за социолошки политички и правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Република Северна Македонија. Нејзината професионална работа е ориентирана кон научни истражувања и настава во областа на организациските науки: менаџмент и стратегија, управување со човечки ресурси, деловна етика, професионален и кариерен развој, организациско однесување и промени. Во моментов е редовен професор и носител на неколку предмети на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси при институтот како и на докторските студии по организациски науки при УКИМ. Во текот на изминатите години учествувала и раководела со голем број научни и применети проекти главно од областа на организациските науки и управување, исто така, објавувала голем број на научни трудови во академски списанија и конференции. https://www.researchgate.net/profile/Mirjana_Borota_Popovska.

Покрај тоа, професорката Мирјана има големо практично искуство како консултант и обучувач.

Во периодот од 2018 до 2021 е координатор на ИСППИ тимот и член на управниот одбор на eVIVA проектот.

 

Д-р Анета Цекиќ

acekic.jpg

Д-р Анета Цекиќ е вонреден професор по политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, со истражувачки интерес насочен кон: интересни групи и лобирање, европска политика, демократизација, и етнички конфликти. Раководителка е на докторските студии по Политички науки- Демократија во услови на глобализација, и координаторка за УКИМ на Заедничката студиска програма по политички науки на англиски јазик- Интеграција и управување, која се реализира во партнерство со повеќе европски и универзитети од регионов. Во моментот е национален координатор на повеќе меѓународни научно-истражувачки проекти. Во 2010 година остварила едномесечен студиски престој на Универзитетот во Гент, Белгија, а во 2013 и 2014 година постдокторски престој на Универзитетот во Салзбург, Австрија.
https://www.researchgate.net/profile/Aneta_Cekik  

 

Д-р Марија Топузовска Латковиќ

dr.marija-topuzovska-latkovic.jpg

Д-р Марија Топузовска Латковиќ е вонреден професор по менаџмент на човечки ресурси и истражувачка методологија за бизнис и менаџмент во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Раководител е на Колегиумот на студиската програма од втор циклус по Менаџмент на човечки ресурси и раководител на Одделението за организациски науки во Институтот.

Има објавено повеќе од 30 научни трудови/публикации од областа на менаџментот, во домашни и меѓународни научни списанија, монографии објавени во земјата и во странство, и континуирано активно учествува на домашни и меѓународни научни средби и конференции. Како раководител или член на истражувачки  тим, учествувала  во повеќе национални, регионални и меѓународни проекти (Програма за партиципација на УНЕСКО, Хоризонт 2020, Фридрих Еберт Фондација, Еразмус+, Civica Mobilitas, GIZ, Westminster Foundation for Democracy).

https://www.researchgate.net/profile/Marija_Topuzovska_Latkovikj/research
https://scholar.google.com/citations?user=Qz6WiZ0AAAAJ&hl=en

Како член на работна група непосредно учествувала во креирањето на Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри (2013-2020). Дел е од листата на експерти за (ре)акредитација на студиски програми од високото образование во Република Црна Гора, со Одлука на Агенцијата за контрола и обезбедување на квалитет во високото образование од декември 2018 година.

еВива тимот

Партнерите

Водечки партнер е „University of Tirana“ од Албанија. Конзорциумот има 9 земји и 16 партнер институции од земјите од Западен Балкан и други земји на ЕУ како Германија, Австрија и Португалија.

partneri.jpg

 

Тимот на Институтските професори кој учествува во овој проект  доследно ги применува овие принципи во тековните постдипломски студии по Менаџмент на човечки ресурси.

Повеќе иформации:

https://evivaproject.eu/

https://www.isppi.ukim.edu.mk/

Состојба
Активен