Развој на студиска програма – заеднички магистерски студии по Политички науки
(JoPScip - Curriculum Development - Joint MA Program in Political Science - Erasmus + Project)
Проектот JoPScip претставува соработка во областа на политичките науки помеѓу повеќе универзитети, во насока на обезбедување модернизирана, интернационализирана заедничка магистерска програма по политички науки. Програмата е предвидено да се акредитира согласно највисоките стандарди на Европската Унија, проследена со размена и развој на добри академски практики и интензивирана комуникација при наставата и истражувањето меѓу партнерските универзитети од Европската Унија, Западниот Балкан и Јужниот Кавказ.
Поконкретно, проектот цели кон осмислување на иновативен курикулум и механизми за управување со заедничка програма во областа на политичките науки, меѓу земјите од Источното партнерство на ЕУ, придржувајќи се до Болоњската декларација, стандардите за квалитет на ЕУ, обезбедени од националните тела за обезбедување квалитет на образованието во партнерските земји.
Проектот би придонел за градење соодветни наставни и административни капацитети на партнерските високообразовните институции, особено во поглед на мултилатерални, управувачки и наставни методи за заедничката програма од политичките науки, како и во поглед на создавање виртуелен образовен простор. Проектот, исто така, цели и кон заеднички активности на дисеминација, заеднички наставни и испитни активности, соработка при научните истражувања, но и приближување до пазарот на труд.
Проектот е со структурни импликации врз партнерските институции и националните политики за акредитација, следствено, управувачката проектна структура води сметка за принципот на вклученост на сите надворешни и внатрешни чинители.
Во крајна линија, проектот цели кон унапредување на владеењето, мирот, безбедноста, развојот и активното граѓанство, истовремено, индиректно, адресирајќи ги приоритетите за дигитална трансформација и одржлив развој и работни места преку дигитална писменост и обезбедување образование со европски квалитет во политичките науки.
Повеќе детали за програмата, учесниците и активностите на JoPScip, можат да се најдат на веб сајтот на проектот: https://jopscip.net.
Партнерски универзитети
Грузиски институт за јавни работи, Грузија, координатор
Партнери:
Универзитет „Парис Лодрон“ во Салцбург, Австрија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Северна Македонија
Државен универзитет „Иване Јавакишвили“ во Тбилиси, Грузија
Државен универзитет во Ереван, Ерменија
Меѓународен универзитет „Евроазија“, Ерменија
Придружни партнери:
Академија ОБСЕ во Бишкек, Киргистан
Совет за Европско соседство, Белорусија
Академија за Отворено управување, Грузија
Меѓународна асоцијација за политички науки, Канада
Грузиска асоцијација за политички науки, Грузија
Универзитет „Нотр Дам – Луез“, Либан
УКИМ има управувачка улога на Проектот за работниот пакет 4 – развивање на курикулумот на заедничката магистерска програма на Политички науки.
Членови на тимот од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ:
Проф. д-р Анета Цекиќ
-Координаторка на Проектот и професор на модулот Европски интеграции, anetac@isppi.ukim.edu.mk
Проф. д-р Маријана Марковиќ
- Професор / Координаторка за обезбедување квалитет
Проф. д-р Панде Лазаревски
- Професор на модулот Јавни политики и администрација
Проф. д-р Горан Јанев
- Професор на модулот Политичка теорија
Проф. д-р Бојана Наумовска
- Професор на модулот Компаративна политика
Доц. д-р Јован Близнаковски
- Доцент на модулот Методологија на научни истражувања
Доц. д-р Милка Димитровска
- Доцент на модулот Меѓународни односи
Недела на квалитет - Скопје 20-22 мај 2024
Обуки за професори во ИСППИ - Скопје, 24-28 јуни 2024