Научноистражувачки проект: "Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање"
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) – Скопје доби финансирање за нов научноистражувачки проект од Министерството за образование и наука на РС Македонија во рамките на Конкурсот за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година, како еден од 15-те финансиски поддржани проекти од општествените и хуманистичките науки.